ФК Лабуништа првите три кола ги исполни очекувањата на фановите

Среда, 11 Сеп 2019 | Прочитано 692 пати.

Директорката на клубот Лескароска не го крие задоволството од освоените 3 презначајни бодови пред домашна публика која за прв пат оваа сезноа се радувше на домашен терен...Продолжуваме чекор по чекор знаејќи дека во Недела не оќекува доста тежок натпревар против екипата на ФК Скопје и се надеваме дека ќе се вратиме на позитивен резултат нашите момци сигурна сум дека ќе прикажат и во Недела квалитетна игра и сите заедно ќе бидеме задоволни од прикажаното. Таа додаде дека на располагање на стручниот штаб се сите играчи кои тренираат со полн интензитет...



Среќен сум поради освоените бодови на домашен терен. Задоволен од придонесот и физичката подготвеност на екипата. Не очекува тежок натпревар во Скопје, се надевам на позитивен резултат,изјавува помошникот на Џигероси Александар Жупан...



Па не очекува тешка и добра утакмица со Скопје неделава, ние како тим сме спремни и мотивирани за утакмицава со Скопје и се надевам дека како тим ќе го дадеме максимумот и да се вратиме од Скопје со позитивен резултат, утакмицата со Вардари Форино беше добра утакмица, ги освоивме трите бода пред нашата публика и очекувам да продолжиме максимално кон нашите амбиции изјави Сунај Хасан...



Од утакмицата во Недела се подразбира дека очекувам големи 3 бода, нема да биде лесно идеме на противник што има тврда игра и гостински терен каде што е тешко да се победи, успешна соработка и најбитното влез во елитата на Македонскиот фудбал изјави голманот на екипата Филип Лазарески...

[назад]
loading...
Коментари