Фк Лабуништа успеа да го подели пленот на гостувањето кај Струга Трим Лум

Сабота, 09 Март 2019 | Прочитано 831 пати.

Дреби натпревар без многу добар фудбал но притисокот си го прави своето. Добро ја анализиравме играта на ФК Струга и ги ставивме под контрола. Задоволен сум од залагањето на моите фудбалери како и од освоениот бод. Сакам да го пофалам домаќинот за прекрасниот прием и фер игра им посакувам добар успех во иднина. Посебно да ги пофалам љубителите на фудбалот од Лабуништа што го направија овој натпревар прекрасен и ни дадоа оргомна помош како 12-ти играч, изјави Пепи Џигероски шефот на стручниот штаб.



Денешното дерби го наполни стадионот во Охрид а Лабуништани направија да се чувствуваме како домачини во ова дерби тие беа наша подршка 90 минути. Самиот факт што 12 кола не сме поразени а веќе 7 утакмици без примен гол доволно зборува за каква екипа станува збор. Денес сепак бевме гости и наша цел беше да не се изгуби натпреварот овој бод многу ни значи. Атмосверата беше на високо ниво судиите повеќе од коректни а ние повеќе од задоволни. Најемотивниот момент од овој натрпевар беше присуството на Мартин кое никој не го остави рамнодушен. Честитки за моите момци и за струниот штаб што докажаа дека за Фк Лабуништа се игра и работи од срце изјави Директорката Ивана Лескароска..














Фото: Шаќир Алиоски

[назад]
loading...
Коментари