ФК Лабуништа утре ќе одигра Дерби а мислите насочени кон баражот!

Петок, 24 Мај 2019 | Прочитано 1,023 пати.

Позади нас оставаме едно интересно првенство кое многу долго ќе го паметиме и досега најголем успех на Фк Лабуништа 2011 се друго ќе биде само плус на ова што во моментов го имаме а тоа е исторсики бараж за влез во Елитата. Утрешната утакмица е дерби кое едната екипа веќе е прволигаш  а другата гo има баражот и тоа дава една уште поубава слика две екипи од овој регион ја заземаат првата и втората позиција. Нашите мисли се насочени кон баражот максимално се подготвувавме и веќе на 1-ви јуни ќе отпатуваме во карантин кој сме посебно благодарни на г-дин Фијат Цаноски кој го спонзорира нашиот престој во Скопје...Се надеваме дека на 2-ри ќе се вратиме со еден историски успех и веќе на 5-ти ќе си ги одмериме силите со прволигашка екипа изјави извршниот директор Адем Нуроски...

Директорката на клубот Ивана Лескароска додаде дека со утрешната утакмица ја завршуваме натпреварувачката сезона и целата енергија ја насочуваме кон баражот на кој ја очекуваме целата подршка од сите верни фанови кои сте посебен мотив на нашите момци да го дадат максимумот и сите заедно да се радуваме на прв ваков успех на Фк Лабуништа 2011.

Утрешната утакмица ќе ни послужи како генералка пред бараж средбата но исто и да се исчистиме од картони со што би влегле по растеретено од тој аспект. Екипата на Трим и Лум претставува противник што мотивира но и добра прилика да видиме како стоиме со формата пред баражот и добиеме подобра слика. Проблем ќе ни биде што ќе играме а мисилите ни се насочени кон Тиквеш Очекувам коректен и добар меч на првите две екипи во лигата.


Бараж средбата ја посакувавме и на крај ја добивме а јас би рекол ја заслуживме. Утакмицата со Тиквеш за нас е шлаг на тортата и можност да бидеме 90 минути до прва лига. Знам дека ќе биде тешко но на мака се познаваат јунаци. Имаме 7 (седум) дена да се припремиме анализираме но и смириме и со ладни глави да истрчаме на натпреварот. Изјави инзворедниот стратег Џигероски кој точно две сезони успепшно се справува со екипата.

ФК Лабуништа утре ќе одигра дерби а мислите се насочени кон баражот утре не очекува натпревар против веќе новиот прволигаш Фк Струга Трим и Лум натпревар кој резултатски нема некое големо значење за двете екипи, но за ФК Лабуништа тоа ќе биде еден вид на генералка за престојниот бараж натпревар против тиквеш следниот викенд. Има уште до тој бараж но кога сме кај екипата на Фк Тиквеш морам да напоменам дека се работи за квалитетна екипа која доста е организирана, но секако дека во бараж натпреварите нема фаворити и шансите за двете екипу се 50 - 50 %. Исто важно за екипата на ФК Лабуништа и за тренерот Пепи Џигероски  што ќе може да рачуна на сите играчи што значи нема повредени. Изјави капитенот на екипата Раиф Мирселоски.

[назад]
loading...
Коментари