г-дин Арбен Лабеништи на средба со Струшките Бизнисмени

Четврток, 14 Март 2013 | Прочитано 626 пати.

Кандидатот за градоначалник на Општина Струга од редовите на ДУИ г-дин Арбен
Лабеништи, во придружба на министерот за економија Ваљон Сарачини и
градоначалникот на Струга г-дин Рамиз Мерко одржаа состанок со бизнисмените од
Струга главно од областа на угостителството, градежништвото, трговијата и
земјоделството.

г-дин Арбен Лабеништи ги поздрави сите присутни бизнисмени и ги увери дека ќе
биде отворен за постојана соработка со вработените во приватниот сектор во
градот. Тој ја изложи својата програма што треба да прави со економскиот развој
на Струга и околината нагласувајќи технолошки и индустриски зона, завршувањето
на економската зона и други проекти кои ќе дадат економски развој и помош за
струшките и странските бизнисмени.

Арбен Лабеништи силно ја нагласи идејата за мултидимензионален развој на туризмот како една од најсилните сегменти на економскиот развој на Општина Струга.

[назад]
loading...
Коментари