Градоначалникот Мерко им честиташе на ракометарите на РК Струга за влез во Супер-лигата

Понеделник, 11 Јун 2018 | Прочитано 221 пати.

Градоначалникот на општина Струга, г. Рамис Мерко на ракометарите од РК Струга им го честиташе влезот во Супер-Лигата.


Со победа од 32-24, РК Струга обезбеди место во елитното ракометно друштво за наредната натпреварувачка сезона, кој после долга пауза од 15 години се враќа во Суперлига.


 


Во оваа прилика, градоначалникот Мерко им честита за постигнатиот успех истакнувајќи дека општина Струга се чувствува почестена со успехот на овој клуб и додаде дека и во иднина ќе продолжи да го поддржува не само овој клуб, туку и други клубови за да успеат во различни спортски дисциплини.


Извор: Strugaonline


 

[назад]
loading...
Коментари