Граѓанската иницијатива Доста донираше 5.400 пластични кеси на ЈП „Комунално“ – Струга

Сабота, 14 Апр 2018 | Прочитано 402 пати.

Граѓанската иницијатива „Доста е“ донираше околу 5.400 пластични кеси за пластичен отпад на Јавното комунално претпријатие Струга.


„Пластичните ќеси се наменети за секое од домаќинствата во градот Струга. Предвидено е со сметките од месец мај на секое домаќинство во Град Струга да биде доставена една пластична кеса со капацитет од 120 литри во која пластична кеса ќе бидете замолени да го селектирате само пластичниот отпад. На овој начин помагаме во воведување на систем за селекција на пластичниот отпад од домаќинствата и негово рециклирање, а за помалку пластичен отпад на депонијата во Струга.“ – велат од „Доста“.


Проектот беше финансиран од страна на Фондација Отворено Општество Македонија.


извор:Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари