Хуманитарното друштво Labunista-CH со проект за чиста и здрава средина...

Четврток, 15 Авг 2019 | Прочитано 2,037 пати.

Почитувани Лабуништани, деновиве сме згрозени од лошите слики на расфрлано ѓубре насекаде во околината на нашето место на живеење. Хуманитарното друштво Лабуништа од Швајцарија својот одмор како и секогаш го користи во своето родно место, но лошите слики и нечистотијата не ги остава да седат мирни и гледаат нечисто место, и како нашите деца дишат нечист воздух кој негативно се одразува врз здравиот живот.



Нашата вера која се подпира на чистота и која напоменува дека е половина од нашиот иман, не дозволува вакви постапки на нецивилизирани граѓани кои немаат почит кон својата вера поточно кон самите себеси.



Па затоа утре 16.08.2019 год. Петок после Џума во 15:00 часот организира чистење на депонија со финансирана механизација од страна на хуманитарното здружение, а како најзагрозена локација моментало е локацијата кај месноста викана горна краста, апелираме до сите хумани граѓани кои се во можност за подршка на овој добронамерен гест да присуствуваат и помогнат во одстранување на одпадот а воедно ќе биде подтик за будење на свеста, и ќе земе поука еднаш засекогаш да ја чува својата средина и да се грижи за своето преубаво Лабуништа...



Со почит: Хуманитарно Друштво Лабуништа Швајцарија....

[назад]
loading...
Коментари