Инспекторите на терен да ги утврдат причините за смртта на родилката од Охрид

Вторник, 25 Јун 2019 | Прочитано 161 пати.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш презеде мерки, извршен е вонреден инспекциски надзор кај матичниот гинеколог во Охрид и во охридската болница, а дополнително ќе се изврши надзор и на Клиниката за гинекологија и акушерство и на КАРИЛ во Скопје. Согласно наодите од ДСЗИ, доколку има потреба, Министерството за здравство ќе формира и стручна комисија која ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде се лекувала пациентката, одговараат од Министерството за здравство во врска со тоа дали ќе се испитуваат причините за смртта на 29-годишната родилка од Охрид, која почина на КАРИЛ, две недели по породувањето во охридската болница.


Министерствотот за здравство изрази сочувство до семејството и нагласи дека поради историјата на болеста на родилката истата била третирана како ризичен пациент во бременоста. Исто така, од таму соопштуваат дека родилката била примена на скопските клиники во тешка здравствена состојба и се превземени сите мерки за да се спаси пациентката.


Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш презеде мерки, и изврши вонреден инспекциски надзор во установите кадешто се лекувала родилката.


Извор: skopje1.mk

[назад]
loading...
Коментари