Исчистете го снегот пред објектите, дислоцирајте ги моторните возила

Сабота, 12 Јан 2019 | Прочитано 664 пати.

Заради најавените минусни температури во наредните денови, од локалната самоуправа со потсетување до граѓаните на општина Охрид, куќните совети и сопствениците на деловните објекти, за законската обврска која ја имаат за чистење на снегот од пристапните површини до нивните индивидуални, станбени и деловни објекти.

– Посебно се потенцира обврската за дислоцирање на моторните возила од коловозните површини со цел да се овозможи успешно дејствување на ангажираната механизација, нагласуваат од локалната самоуправа.

Само со координирана акција и активно учество на сите чинители,  снегот навремено ќе се расчисти и ќе се овозможи нормално движење на возилата и пешаците, а со тоа и нормално функционирање на градот.

Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари