Историја за Лабуништа

Сабота, 11 Мај 2019 | Прочитано 1,918 пати.

Лабуништа со прекрасна игра обезбеди место во бараж за пласман во Првата лига, откако на домашен терен го совлада Скопје со 2-1. Лабуништани поведоа со прекрасниот погодок од околу 16 метри на Климе Далчески во 41. минута, а Дејан Лескароски зголеми на 2-0. Конечниот епилог го постави 2-1 Филип Јовановски во 77. минута.

Ова е историски успех за кој Лабуништа треба да се радува момците покажаа како се игра со срце и како се носи дресот на Лабуништа. Победата посветена на сите кои секоја утакмица не бодреа подржуваа и веруваа во нас. Тука не застануваме не чека БАРАЖ кој може да не однесе во елитата но што и да се случи ова е успех кој никогаш нема да се заборави. Тимската Хемија си го направи своето изјави директорката Ивана Лескароска...

Ја заокружуваме сезната што и ја замислувавме.
Денеска освоимвме многу важни бодви. Во последните две години вложив во стручно усовршување а клубот организациски се искачи на скалило погоре за што е заслужна управата. Не смее тука да се застане. Не чека многу важна утакмица за бараж кој ни значи многу како на клубот така и на Лабуништа како локомотива на овој проект.
Благодарност до публиката и верните навивачи мислам дека им борџиме добра утакмица во Бараж натпреварот. Нема застанување одиме напред изјави Џигероски кој достоинствено се носи две сезони со екипата на ФК Лабуништа...

[назад]
loading...
Коментари