Извештај на месна заедница Лабуништа

Понеделник, 22 Јул 2019 | Прочитано 2,045 пати.

Извештај пред граѓаните на с.Лабуништа од страна на Месната заедница во врска со превзедените мерки за стопирање на каменоломите во Лабуништа.


По барње на група Граѓани на Лабуништа Месната заедница свика јавен собир на ден 04.07.2019 на кој беа пристуни голем број на граѓани и јавни личности и преставници и на политичките парти како на Локално така и од на Централно ниво,се донесе заклучок да за конкретниот проблем се формира Иницијативен одбор од 10 (Десет члена) предложен од страна на присутните Граѓани и тоа во состав:


Мехмедоски Недим, Усеиноски Исеин Абазоски Раиф, Исламоски Рахим, Камбероски Алија Ејупи Алија Ќазимоски Јасмин, Мустафоски Атмир, Велиоски Фуат, Мустафоски Исмет.


Обврска и легитимност им се даде на иницјативниот одбор во соработка со Месната заедница да ги преземаат сите иницијативи за понатамошно делување и постапување.
После тој собир се одржа и состанок на 10.07.2019 година свикан од страна на иницијативниот одбор во присуство на Претседателот на Месна заедница.


Истиот ден беше излезено на лице место со Иницијативниот одбор и Претседателот на месната заедница на локацијата каде е започнато со пробивање на пат до местото каде што треба да се врши експлоатација и беа затекнати изведувачите и беше побарано запирање со работа додека не се достави комплетна докмунетација од нивна страна до Месната заедница,но немаа слух и не сакаа да прекинат со работа по што од уредно беше пријавено во полијција во Полицскат станица во Велешта и од страна на полициските службеници беа превзедени сите мерки и работата времено беше прекината.


Следниот чекор кој беше превзеден беше организирање на мировен Протест на ден 19.07.2019 година по иницијатива од Иницијативниот одбор и Здружението ,,Натура Лаб ,, и истиот беше поддржан од страна на Месна задница Лабуништа.


Денес на ден 22.07.2019 година Месната заедница поднесе ПРЕСТАВКА Иницијатива за поведување постапка за оценување на законитост на Одлука, до следните институции:


- ПРЕМИЕР НА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
- ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
- ДО ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
- МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
- МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


Месната заедница ќе биде и понатаму поддршка на Инцијативниот одбор за било каква активност и иницијатива за конкретниот проблем,и секако ќе биде секогаш со жителите на Лабуништа за било каква потреба да им излезе во пресрет,и транспарентно и навремено ќе ги известува за сите активноси и иницијативи кои ќе бидат превземени во иднина.


СО ПОЧИТ Претседател на Месна заедница Идрис Хоџа

[назад]
loading...
Коментари