Казна од 1.000 евра и пет години забрана за влез во РМ за странските државјани кои го оштетија знамето во Охрид

Вторник, 09 Апр 2013 | Прочитано 413 пати.

Поради неовластено отстранување и оштетување на знамето на Република Македонија како државен симбол, СВР Охрид против лицата О.Ф.Ц (24) државјанин на Австралија и Р.С.Л. (26) од Велика Британија, поднесе прекршочна пријава.


Основниот суд во Охрид нив им изрече мерка протерување со забрана за влез во Република Македонија за време од 5 години и парична казна од по 1.000 евра.


Пријавените на 8-ми овој месец во 03:50 часот, го нарушиле јавниот ред и мир со неовластено отстранување и кинење на знамето на Република Македонија. Тие, од јарболот кај кружниот тек на булеварот „Македонски просветители“ го спуштиле државното знаме, го извлекле од сајлата и го искинале.


Вандалскиот чин  го направиле по прошетката низ неколку ноќни клубови и видно под  дејство на алкохол. На кружниот тек на булеварот, го паркирале возилото марка „Митсубиши“ со национални ознаки од Нов Зеланд по што извадиле метален стол. Двајцата пријавени се качиле на столот и придржувајќи се на јарболот успеале да ја дофатат сајлата, а потоа и да го извлечат знамето.

[назад]
loading...
Коментари