Кривична пријава за бесправна сеча на дрва во Струшко

Среда, 13 Март 2019 | Прочитано 900 пати.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.И.(35) од село Франгово, Ш.А.(27), П.Б.(51) и С.Х.(24), сите од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.


На 07.03.2019 во атар на село Франгово, струшко, на место викано „Гропа“, полициски службеници и вработени од шумска полиција ги затекнале пријавените при бесправна сеча на дрва. По извршен увид на местото било констатирано дека тие извршиле бесправна сеча на огревни дрва, со што на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“ нанеле материјална штета од 70.000 денари.

[назад]
loading...
Коментари