Кривични за три лица поради малверзации со продажба на огревно дрво
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „несовесно работење во службата“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 49-годишниот Н.С. од дебарското село Мал Папрадник, против М.А. (51) од тетовското село Желино за казненото дело „соизвршителство“ и против граѓанин од струшкото село Велешта за казненото дело „фалсификување и уништување деловни книги“.
– Првопријавениот вработен во Јавното претпријатие „Македонски Шуми“ – Стогово, како референт овластен да издава испратници и да жигосува дрва, му овозможил на второпријавениот, во негово отсуство, неовластено да жигосува огревно дрво бука во количина од 24 метри просторни. Третопријавениот, како управител на фирма, иако знаел за нивниот меѓусебен договор, сепак издал испратницата за транспорт на дрвата со невистинита содржина и со печат од фирмата ги заверил потребните документи, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид фото: архива
пред: 1 ден
пред: 1 ден
пред: 6 дена
пред: 6 дена
пред: 1 ден
пред: 1 ден