Лабуништани по трет пат протестираат против уништувачите на природата и здравјето...

Петок, 04 Окт 2019 | Прочитано 1,592 пати.

Денес како што беше и најавено во 15:00 часот се одржа мировен протест против каменоломите кои се уште се активни и покрај неколкуте протести кои Лабуништани и жители од околните села ги остварија и упатија порака да бидат затворени.


Свој видувања со апел имаа организаторите преседателот на Месна заедница Боровец и преседателот на Натура - Лаб г-динот Алим Салоски.


Салоски истакна дека покрај матерјалните штети околу КАМЕНОЛОМИТЕ и уништувањето на животната средина во подножејето на планинтата Јабланица, од видни доктори истакнато ни е дека бројот на заболени од малигни заболувања е драстично зголемен и според нивно мислење и испитување истото е поради работата на каменоломите...
Животот во нашиве средини станува се понеподнеслив од бучавата прашината и минирањето.


Неколку месеци комуницираме со министерството за екологија и општина Струга за жал досега од ветувањето друго ништо не е променето....


Бараме од концедентот т.е. од владта на Република Северна Македонија односно премиерот г-дин Зоран Заев да ни овозможи прием во влада со што лично ќе се запознае со проблемот кој се сооочува ова население....







[назад]
loading...
Коментари