Малолетнички од 10 до 14 години монтирале и објавиле нeдoлични фотографии од нивни врснички на „Инстаграм“

Понеделник, 19 Авг 2019 | Прочитано 888 пати.

СВР Охрид вчера до надлежното Јавно обвинителство поднело известување против четири малолетнички од Охрид, сите на возраст од 10 до 14 години, соопшти МВР. 


Малолетничките се товарат за „злоупотреба на лични податоци“. Имено, во текот на јули, тие од друштвената мрежа „Инстаграм“ неовластено презеле фотографии од други три малолетнички од Охрид, по што фотографиите ги обработиле со недолични содржини и повторно ги објавиле на „Инстаграм“.


Извор:365.com.mk

[назад]
loading...
Коментари