МВР:Причина за вчерашниот инцидент во Волино е незадоволство од одлука на судиите

Понеделник, 09 Сеп 2019 | Прочитано 509 пати.

Од МВР со соопштение во кое се наведуваат повеќе детали околу вчерашнот инцидент што се случи за време на фудбалски натпревар во селото Волино, помеѓу екипите на ФК Сатеска од Волино и ФК Црно буки од Битола.


Според информациите од МВР, до инцидентот дошло околу 17.05 часот, кога поради незадоволство од одлука на судиите 47-годишно лице од Волино влегло на теренот со цел да ги нападне. Полициски службеници интервенирале и при преземање на мерки за приведување на лицето, тоа пружило отпор, а полициските службеници во извршувањето на службени дејства ( при приведување на игралиштето и потоа и при транспорт, биле попречувани од страна на седум лица од Волино, кои се приведени во охридската Полициска станица.


Во попречувањето учествувале уште три лица за кои се преземаат мерки за пронаоѓање.


Известен е јавен обвинител и против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.


Извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари