На 16 септември ќе биде пуштен новоизградениот царински терминал на граничниот премин Ќафасан, Струга

Четврток, 12 Сеп 2019 | Прочитано 397 пати.

На 16 септември 2019 година, понеделник, на граничниот премин Ќафасан во Струга, официјално ќе биде пуштено во употреба новоизградениот царински терминал за стокови пратки на граничниот премин Ќафасан.


На настанот е предвидено обраќање да имаат г. Зоран Заев, претседател на Владата на Република Северна Македонија, г. Семјуел Жбогар, Амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија, министерката за финансии г-а Нина Ангеловска и г. Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа.


Реализацијата на Проектот „Реконструкција на објектите за царинење и инспекција на граничниот премин за патен промет Ќафасан и надзор на изведбата на проектот“, финансиран од ЕУ преку ИПА 2013 во вредност од околу 2 милиони евра започна во октомври 2017 година. Со изградбата на нов увозно-извозен царински терминал од 9,500 m2, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти Република Северна Македонија обезбедува подобри услуги за економските оператори и побрз проток на стоката на најголемиот граничен премин со Република Албанија, како и олеснување на прекуграничните постапки.


Извор:Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари