Наместо да плати за уверение го нападнал судскиот полицаец

Среда, 11 Апр 2018 | Прочитано 1,238 пати.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против жител на струшкото село Радолишта.


Пријавениот, на 20 минатиот месец во Основниот суд Струга физички нападнал судски полициски службеник.


Тој требал да добие уверение потребно за издавање патна исправа и кога судскиот службеник го известил дека треба да изврши уплата за барањето, започнал да го навредува и да му се заканува, а се обидел и да влезе во канцеларијата на претседателот на судот., исто така, удирал по рентгенот и детекторот на влезот во судот, а во еден момент со раце го турнал судскиот полициски службеник.

[назад]
loading...
Коментари