Невремето направи пустош во автокампот Љубаништа

Четврток, 11 Јул 2019 | Прочитано 487 пати.

Големото невреме проследено со силен ветер, град и дожд направи пустош во југозападниот дел од Македонија. Преспанско-охридскиот регион беше најпогоден, а утринава фотографии пристигнуваат од сите страни кои сведочат за она што се случувало синоќа.


Туристи кои престојуваат во автокампот Љубаништа, сведочат за превртени приколки и голема материјална штета од синоќешното невреме кое направи проблеми и во автокампот Крани.


Искорнати дрвја, блокирани патишта, неколку села без струја се само дел од последиците од синоќешното невреме.



[назад]
loading...
Коментари