Нивото на Охридското Езеро се зголемува - поплавени куќи и плажи

Среда, 10 Апр 2013 | Прочитано 343 пати.

Нивото на Охридското Езеро и понатаму расте и претставува закана за Охрид.

Нивото на Охридското Езеро според последните потврдени информации е на 694,04 метри надморска височина, што е 29 сантиметри над максимално дозволената кота. Но, реално водостојот е повисок, оттаму што се објавуваат резултатите од мерењата од претходните денови и што резултатите од мерењата се различни зависно од местото каде што се врши мерењето. За енормно високиот водостој зборуваат и граѓаните на Охрид и околните населби, кои велат дека со децении наназад не паметат толку надојдено Езеро.


Високиот водостој на Езерото придонесе за појава на т.н. подземни води, односно избивање вода на места на самото крајбржје, што наместа создава проблеми, најмногу во населбите на крајбрежјето, особено во првиот ред од станбените објекти каде веќе се регистрирани поплавувувања на подземни простории.


Надојденото Езеро „проголта“ голем дел од плажите на источното крајбрежје, а под вода се големи површини во непосредна близина на Езерото. Студенчишкиот канал веќе наместа се излеа од коритото, тревнатите површини на излетничкиот локалитет Билјанини извори се под вода. Студенчишкото блато и тој дел од крајбрежјето во близина на Студенчишкиот канал е претворен во езерце, што е последица токму на избивањето на подземните води.


Издашноста на изворите во регионот е зголемена, а како мерка за намалување на опасноста од излевање се отвораат пропустите на старото корито на реката Сатеска, дел од водите на реката се пренасочуваат кон Црн Дрим наместо во Езерото.

[назад]
loading...
Коментари