Нов царински терминал на „Ќафасан“

Понеделник, 16 Сеп 2019 | Прочитано 248 пати.

На граничниот премин „Ќафасан“ на границата со Република Албанија, денеска во употреба е пуштен новиот царински терминал кој ќе придонесе кон зголемување на пропусната моќ на преминот за стокови пратки и намалување на времето за гранични формалности. Станува збор за проект вреден 1,7 милиони евра реализиран со финансиска поддршка на ЕУ, од 60-те милиони евра предвидени како европска поддршка за македонската царинска управа.


Евроамбасадорот Жбогар пред присутните истакна дека проектите како овој финансиран со средства на даночните обврзници на државите-членки на Унијата се насочени кон унапредување на подобро поврзување на луѓето и транспорт на стоки, како клучни определби во рамки на евроинтегративните процеси.


Директорот на Царинската управа Танасоски заблагодарувајќи се на помошта на ЕУ за новите капацитети, истакна дека подобрувањето на царинската структура во земјата секако ќе придонесе кон олеснување и забрзување на трговијата во земјата.


На царинскиот терминал „Кафасан“ поминуваат 1,5 милион патници и 100 илјади камиони годишно. Царинскиот терминал за товарен сообраќај има максимален капацитет од 30 товарни возила, со зграда за царински постапки, објекти за преглед на товарни возила со капацитет за преглед на три товарни возила истовремено, влезно-излезен контролен пункт. Досега царинските процедури и формалности на преминот „Ќафасан“ се вршеа на самиот граничен премин што ја усложнуваше постапката.


извор:TV21

[назад]
loading...
Коментари