Од 10 до 13 септември во Струга, се одржуваат обуки за тренери за интегрирано управување со случај и документација

Четврток, 12 Сеп 2019 | Прочитано 59 пати.

Од 10 до 13 септември во Струга, стручни работници од МТСП, ЦСР, установи за социјална заштита и граѓанскиот сектор посетуваат обуки за тренери за интегрирано управување со случај и документација.


Воведувањето на управуавњето со случај и новата документација се дел од севкупната реформа на системот на социјалната заштита. Корисникот и неговото семејство ги ставаме во центарот на вниманието и индивидуалните потреби ќе бидат основа за обезбедување на правата и услугите кои се предвидени во новиот Закон за социјална заштита.


Дoполнително, се зајакнува соработката помеѓу Центрите за социјална работа и Центрите за вработување преку активацијата на корисниците приматели на гарантиран минимален приход. Со координирана и заедничка акција ќе се нудат мерки и активности за зголемување на вработливоста и како крајна цел вработување на корисниците на правата од социјална заштита, со што трајно треба да излезат од кругот на сиромаштијата.


Во насока на поголема пристапност и достапност до правата и услугите од социјалната заштита, се отвораат и општински канцеларии за социјална работа во сите 80 општини во државата. Паралелно отворен е јавен повик до општините за пројавување на интерес за развој на социјални услуги во локалните заедници, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра од заем на Светска Банка.



Со новиот метод на работа обезбедуваме поквалитетна социјална и детска заштита и полесен пристап до правата и услугите за граѓаните. Исто така, обезбедуваме ефикасна и ефективна употреба на ресурсите на заедницата, професионална тимска работа, како и надминување на проблемите што произлегуваат од поделбата на услугите. – велат од МТСП.


Обуките се организирани од МТСП и УНИЦЕФ и се во насока на понатамошно јакнење на капацитетите на центрите за интегрирано управување со случаеви. Во наредниот период, почнувајќи од месец Октомври, стручните лица коишто се обучуваат за тренери за интегрирано управување со случаи, понатаму ќе го пренесат стекнатото знаење на сите стручни лица вработени во Центрите за социјална работа во Република Северна Македонија.


Извор:Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари