Од понеделник градскиот базен ќе биде отворен за сите корисници

Четврток, 20 Јун 2019 | Прочитано 1,202 пати.

Од понеделник, 24-ти јуни, градскиот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде отворен за сите корисници.


– Во изминатиот период се направени сите неопходни активности кои вклучуваа уредување на просторот околу големиот и малиот базен, проверка на системот за прочистување и оддржување на квалитетот на водата во базените и комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен, информираат од ЈП „Билјанини извори“.


Градскиот базен ќе биде отворен за сите корисници во периодот од 09:00 до 14:00 часот за пливачките школи и клубови и од 14:00 до 20:00 часот за сите рекреативци. Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за едно лице изнесува 60 денари.


Извор: ohridpress.com.mk

[назад]
loading...
Коментари