ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се збратими со Техничката школа во Ваљево

Среда, 09 Окт 2019 | Прочитано 125 пати.

На покана од директорот на „Техничка Школа“–Ваљево, Бранко Голоскоковиќ, а по повод патрониот празник на училиштето, во посета на Ваљево беше делегација од ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“, предводена од директорот Сашо Недески.На Свечената академија која се одржа во Домот на култура присуствуваа претставници од Министерството за образование на Србија, Локалната самоуправа како и претставници од стручни училишта од Истанбул, Велење, Ниш, Суботица, Белград и од компаниите соработници на училиштето. По повод јубилејот беше објавена и Монографија за „Техничка Школа“-Ваљево.На другарската вечер, која се одржа во клубот во состав на училиштето беше потпишана повелба за збратимување од страна на директорите на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид и „Техничка Школа“ – Ваљево. Притоа беа договорени активности во смисла на посета на ученици и професори на двете училишта, посета на часови, одржување на меѓусебни спортски натпревари,како и запознавање со културата и историјата на градовите Охрид и Ваљево.



 



 



Извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари