Охрид ќе го добие својот прв шопинг мол

Четврток, 08 Фев 2018 | Прочитано 1,368 пати.

На површина од 19.000 м2 започна со изградба првиот шопинг центар во Охрид – Охрид Мол.


Трговскиот центар ќе се наоѓа до новата автобуска станица, на само 2 километри од центарот на градот. Ќе биде на две нивоа, ќе има подземен и надворешен паркинг простор, повеќе од 50 локали за реномирани домашни и светски брендови, а ќе нуди и најразлични забавни и актуелни содржини за сите генерации.


Првиот трговски центар во Охрид е македонска инвестиција на компанијата „Делфина Турс“.


– Охрид Мол е проект за кој јас и моите партнери размислувавме подолг период. Охрид е меѓу најпознатите туристички места во регионот со многу работи што може да ги понуди, но му недостасува центар од ваков тип каде што жителите и туристите ќе можат да купуваат, изјави Ерсин Исмаил, инвеститор на Охрид Мол.


Првите официјални закупци кои изнајмија простор во Охрид Мол се грчкиот ланец на супермаркети Веро заедно со Џамбо продавниците.


Изградбата на Охрид Мол е во тек, а отворањето е предвидено за април 2019 година. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 10 милиони евра и ќе биде од значаен придонес за домашната економија.


извор: ОхридПрес

[назад]
loading...
Коментари