Охрид, Дебрца, Вевчани, Струга со поддршка за Професионалната планинска спасителна служба

Среда, 10 Јул 2019 | Прочитано 133 пати.

Претставници на Професионалната планинска спасителна служба (ПСС) во Охридскиот регион, денес остварија средба со градоначалникот Константин Георгиески и градоначалниците на соседните општини, Струга, Дебрца и Вевчани. На средбата претставниците на спасителната служба, побараа поактивно вклучување и поддршка од локалните самоуправи на поширокиот Охридски регион.


Градоначалникот Георгиески и останатите градоначалници, Рамиз Мерко, Зоран Ногачески и Сашо Јанкоски, ја изразија својата подготвеност, материјално и финансиски да го помогнат функционирањето на службата.


Планинската спасителна служба, спроведувајќи го проектот на ЕУ за прекугранична соработка, „Регионот на Охридското Езеро, безбедна дестинација за авантурисички туризам“, во соработка со соседна Албанија, утре во непосредна близина на Автобуската станица во Охрид, ќе го отвори првиот Оперативен и тренинг центар.


Се очекува во иднина да биде изготвена студија за одржлив развој на службата, која ќе вработува неколку професионалци, а ќе бидат ангажирани и повеќе волонтери.


Извор: Оhridnews

[назад]
loading...
Коментари