Охрид домаќин на 4. издание на Меѓународниот гастрономски натпревар „Гастро Мак“

Среда, 09 Окт 2019 | Прочитано 130 пати.

Под мотото „Don’t Worry, Be Ohrid!” од утре па наредните четири дена во Охрид ќе се одржува четвртиот Интернационален гастрономски натпревар „Гастро Мак”.


Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија, поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.



Најавено е учество на над 300 професионални и аматерски готвачи, над 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови на кујни, гастрономски амбасадори и почесни гости од 30 светски земји. Годинешен претседател на судскиот тим е славниот хрватски готвач Стево Карапанџа.


Покрај предвидените активности во рамки на натпреварувачкиот дел ќе бидат организирани и презентации за сите гурмани од нашата, но и од другите интернационални кујни.


Во рамки на програмата, на 12 октомври е предвидено е одржување на „Фиш фест“ кога професионални готвачи со „мишелин“ ѕвездички ќе приготвуваат скара на отворено, а нивните креации ќе можат да ги дегустираат посетителите на манифестација.


Извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари