Охрид меѓу градовите кои ќе добијат монтажно спортско лизгалиште, се бара оператор

Четврток, 10 Окт 2019 | Прочитано 235 пати.

Македонската Агенција за млади и спорт бара фирма која ќе и изнајми и ќе монтира седум лизгалишта во толку општини во земјата.


На оглас се бара оператор да монтира и да демонтира лизгалишпта во општина Центар, во Струмица, Охрид, Битола, Тетово, Гостивар и Куманово. На 151-та седница, која се одржа на 27-ми август оваа година, македонската Влада ја разгледа и усвои информацијата за реализација на Проектот за изнајмување на 7 монтажни спортски лизгалишта. Владата ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да ги обезбеди потребните средства за реализација на проектот во висина од 14.000.000 денари, во рамките на сопствениот Буџет за 2019 година.


Со оваа одлука на Владата, им се препорачува на општините да изберат и предложат до Агенцијата за млади и спорт локација како и да обезбедат одобрение за поставување на урбана опрема, односно монтирање на лизгалиште, најдоцна до први ноември 2019 година.


Извор:ОхридПрес

[назад]
loading...
Коментари