Охридските плажи празни, водата со темература под просечната

Вторник, 10 Јул 2018 | Прочитано 105 пати.

Променливото време и северо-западниот ветар што дува ги испразни охридските плажи. Температурата на водата во езерото е под просечната за овој период од годината. Според најновите мерења извршени утрово во 7.30 часот темепратурата на водата во езерото е 21.5 степени.


Нивото на водата е 693.80 што значи 5 сантиметри над дозволениот максимален водостој.


Според прогнозите од утре времето во Охрид ќе биде стабилно со повеќе сонце и потопло. Температурата на воздухот ќе биде од 26 до 31 степен во недела.


Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари