Охридското Езеро падна под 694,00, денес на 693,98 м.н.в.

Вторник, 17 Апр 2018 | Прочитано 249 пати.

По четири дена на кота од 694,00 метри надморска височина, нивото на водата во Охридското Езеро денес е пониско за два сантиметри, односно е на 693,98 м.н.в., што е за 23 сантиметри над максималната граница од 693,75 метри.


Испустот на Охридското Езеро во реката Црн Дрим кај Струга деновиве останува максимално отворен, што полека почнува да дава резултати.


Метеоролозите за денес најавуваат променливо облачно со сончеви периоди и локален дожд, на места пороен и проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 18. степени.


– До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Од петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, информираат од УХМР Македонија.


извор: ОхридПрес

[назад]
loading...
Коментари