Охриѓанец изградил куќа без одобрение за градба

Понеделник, 15 Апр 2019 | Прочитано 326 пати.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење”, СВР Охрид, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 72-годишно лице од Охрид.

Тој, во текот на првото тримесечје од 2019 година, на улицата „Охридска бригада“ во Охрид, спротивно на Законот за градење, и без одобрение за градба, изградил индивидуална куќа, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Нелегалната градба била констатирана и од овластен општински градежен инспектор кој донел Решение за отстранување на објектот.

Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари