Охриѓанец се обидел да силува 16-годишна девојка

Вторник, 12 Јун 2018 | Прочитано 815 пати.

Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 33-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“.


Лицето, казненото дело го извршило на втори овој месец околу 1 часот на улица „Славеј Планина“ во Охрид каде следел 16 годишна девојка. Пред нејзиниот влез силно ја повлекол кон себе, но истата почнала да вика при што дошол еден од соседите по што пријавениот го напуштил местото на настанот.


извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари