Охриѓанката Ајше Хасан меѓу најдобрите млади таленти во светот

Сабота, 09 Јун 2018 | Прочитано 2,925 пати.

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска, во својот кабинет ја прими Ајше Хасан која го понесе македонскиот тим на врвот со четири златни медали во четири категории  на Светското натпревар „Талентирани интелектуалци“, што од 20 до 23 април годинава се одржа во Кембриџ, Англија.


Хасан, која што беше единствената охриѓанка на натпреварот, изрази благодарност за целосната поддршката од општина Охрид, што и овозможи да замине во Англија и да се натпреварува со млади таленти од 40 земји од Европа, Азија, Африка, Америка и Австралија. Градоначалникот Стојаноски истакна дека младата Хасан ги оправдала очекувањата, посочувајќи дека таа е пример колку е важно постојаното надградување и со тоа отворање на патот кон личниот успех.



Ајше Хасан е матурантка на „Јахја Кемал“ колеџот во Струга, а по постигнатите резултати на натпреварот во Англија добила понуди своето образование да го продолжи на „Кингс“ Колеџот во Лндон, Универзитетот „Манчестер“ или на Бристол колеџот кои спаѓаат во групата на 100 најдобри универзитети во Светот.



 



Потекнува од охридско семејство со просечни примања и се надева дека ќе добие државна стипендија за да може да го продолжи своето образование на еден од универзитетите во Англија.


Извор: OhridNews


 

[назад]
loading...
Коментари