Опасен градежен шут наместо во депонија заврши во езерото

Четврток, 12 Апр 2018 | Прочитано 667 пати.

Бетонски плочи со железни делови можат да се забележат во водите на езерото покрај кејот во непосредна близина на хотелот Ројал. Ги има на местата каде е очигледно дека претходно се вршеле санации на кејот. Некому му било многу полесно да ги фрли во езерските води, отколку да ги депонира онаму каде е местото за градежен шут.


Со оглед на тоа дека станува збор за локации кои во летниот период се полни со капачи од околните сместувачки капацитети и охриѓани кои од топлото време се освежуваат во езерото, ваквите бетонски плочи се потенцијална опасност за секој кој ќе влезе во водата на овој потег од кејот, особено за најмладите капачи.


Граѓаните апелираат до надлежните служби да го отстранат градежниот шут од езерото за да не дојде до несакани последици во текот на сезоната за капење.


извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари