Општина Струга апелира за винмание од пожар...

Четврток, 12 Јул 2018 | Прочитано 249 пати.

Поради високите температури, апелираме до сите граѓаните да бидат по внимателни, особено кога станува збор за нашата безбедност. Внимавајте да не користите импровизирани и непрофесионално опремени кабели за електрични инсталации, внимавајте да не ги оставите вклучени електричните апарати во кујна ,затоа што може да предизвикате пожари и да ја доведите во прашање безбедноста на вашиот имот, имотот на вашите соседи, особено вашата безбедност и на вашите блиски”Како неопходна мерка за намалување на ризикот од пожар, Територијалната единица на пожарникари Струга апелира до сите граѓани:


– Да не се запалат пожари на отворени места ;
– Да не се фрла стакло, стаклени шишиња и друг отпадок од стакло;
– Да не се запали отпад и други запаливи материјали;
– Да се внимава да не се фрлат остатоци од запалени цигари
Во спротивност ќе се соочите со санкции предвидени со закон.
Обврска на секој граѓанин во случај на пожар во отворени средини, е да го пријави до надлежните институции во најкраток можен рок.


Во случај на пожар, истиот треба да се пријави во противпожарната служба на 193


Општина Струга

[назад]
loading...
Коментари