Општината и Владата оптимисти дека до 1 февруари ќе бидат исполнети барањата на УНЕСКО

Петок, 13 Сеп 2019 | Прочитано 103 пати.

Има виден напредок во изработката на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и Стратегијата за влијанието врз животната средина. Oва беше оценето на работната средба на изработувачите на Планот, членовите на комисиите и претставници на надлежните институции, на која учествуваа градоначалникот Константин Георгиески и Министерот без ресор Едмонд Адеми, информира локалната самоуправа.



Активностите за донесување на овој докмент кој е дел од препораките на Комитетот на УНЕСКО, се одвиваат според утврдениот план и како што било оценето на средбата, тој ќе биде готов до крајот на оваа година.



На средбата бил изразен оптимизам дека и покрај кусите рокови, Владата до 1 февруари ќе ги заврши сите планирани активности и ќе го испрати извештајот до Комитетот за заштита на светското наследство на УНЕСКО. Било потенцирано дека ќе се реализираат и визиите и целите на Планот кои се однесуваат на контролираната урбанизација, зајакнувањето на капацитетот на надлежните институции, заштитата на природното и културното наследство, одржливиот економски развој, подигнувањето на јавната свест и зголемената еколошка функционалност на Охрискиот регион..


Извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари