Откриена дрога во котлара во Велешта, во Струга скопјанец фатен со илјадници петарди

Вторник, 01 Јан 2013 | Прочитано 587 пати.

Во Здравствениот дом во струшко Велешта, вчера, по предходна пријава од граѓанин, од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со наркотици во котларата била пронајдена вреќа со 10,5 кг дрога - марихуана.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.


Исто така вчера, во Струга, на ул. „Маршал Тито“, полициски службеници извршиле преглед на импровизирана тезга на лице од Скопје, при што пронашле: 8092 петарди, 48 ракети „Рокет“ и 165 прскалки на огнени топки. Пронајдените предмети со потврда за привремено одземени предмети се одземени, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР.g

[назад]
loading...
Коментари