Отворени две порти на истекот кај Струга, Охридското Езеро на 4 сантиметри над дозволената кота

Петок, 15 Март 2013 | Прочитано 294 пати.

Охридското Езеро во моментов се наоѓа на околу 4 сантиметри над максимално дозволената кота од 693,75 метри.


Брановите на Охридско Езеро деновиве се поради силниот ветер, а не се сврзани со нивото на езерото и не се сврзани со режимот за работата на хидроелектраните што го воведе Електрани на Македонија, реагираат од јавното претпријатие. Од ЕЛЕМ велат дека интензивните врнежи од дожд во последните неколку дена, како и забрзаното топење на снеговите значително го зголемиле дотокот на вода и го зголемиле водостојот на природните и вештачките езера.


Невремето вчера предизвика оштетувања на плочникот по делови од градскиот кеј, а беше оштетен и т.н. „Мост на желбите“.


Утрово на истекот на Охридското езеро во реката Црн Дрим кај Струга беа отворени две порти.

[назад]
loading...
Коментари