Патот преку Галичица ќе биде отворен од мај

Понеделник, 15 Апр 2019 | Прочитано 139 пати.

Се уште на сила е забраната за користење на регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (Отешево – Трпејца, преку национален парк Галичица) кој е затворен за сообраќај од 15.11.2018. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”. Се очекува овој патен правец целосно да иде отворен на 01.05.2019 година информира АМСМ.

Изминатите години се поголем е бројот на туристи кои во Охрид доаѓаат заради убавините на Галичица, што е причина повеќе надлежните институции конечно да изнајдат решение за одржливо искористивање на природните потенцијали на оваа планина, секако притоа водејќи сметка да не се наруши рамнотежата на еко системот во кој живеат стотици ендемски видови, како никаде на друго место во Европа.

Општина Охрид минатата година најави дека се подготвува план кој ќе биде изложен пред државните институции со цел регионалниот пат преку планината Галичица да биде ставен во функција и преку зимата.

Извор: Ohridnews

[назад]
loading...
Коментари