Патот Струга-Дебар ќе биде комплетно завршен во текот на оваа година

Понеделник, 21 Јан 2013 | Прочитано 381 пати.

Патот Струга-Дебар е меѓу патиштата кои ќе бидат целосно завршени во текот на 2013 година, информираше портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.


Владата годинава ќе вложи околу 100 милиони евра во изградба и реконструкција на патиштата низ целата држава.


Со Програмата за 2013. се планира изградба и реконструкција на 133 локални патишта со должина од 162 километри во 70 општини низ државата за што се наменети 17 милиони евра,  како и 11 регионални патишта со должина од 160 километри во што ќе бидат вложени 30 милиони евра, јави МИА.


Продолжувањето на интензивните инвестиции во патната инфраструктура преку изградба, реконструкција и модернизација на патиштата ќе значи придобивки и за граѓаните и за вкупниот економски развој на државата, а особено за градежниот сектор, за кој се отвора простор за поголем обем на работа и отворање работни места, оцени денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.


Патишта, нагласи, ќе се градат и реконструираат низ целата територија на државата, во секоја општина независно од составот на населението, нејзината големина или пак политичката припадност на градоначалникот.

[назад]
loading...
Коментари