По патот на поезијата хрватски поети го посетија Охрид

Среда, 11 Сеп 2019 | Прочитано 84 пати.

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“, охриѓани вчера имаа средба со неколкумина хрватски поети. Водителот на средбата–поетот Мирко Томовски и поетесата Виолета Сековска од Скопје, на свој–инвентивен начин ги претставија нивните хрватски колеги: Здравко Одорчиќ, Маја Хершак, Весна Премер и Лука Премер.



Повеќе од сигурно е дека поезијата го зацврсти пријателството помеѓу македонските и хрватските писатели и преку дружбата беа отворени нови хоризонти за идна соработка, велат организаторите.



Поетската средба со свој настап ја збогатија младите музичари – сестрата и братот Емилија и Илија Волканоски.


Настанот покрај љубители на пишаниот збор го проследија и ученци од трета година од охридската гимназија – јазична насока.


Извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари