Победи на Лабуништа Гостивар Пелистер и Скопје во третото коло од 2-МЛ-запд

Понеделник, 09 Сеп 2019 | Прочитано 441 пати.

Фудбалерите на Лабуништа триумфираа со 1-0 против Вардар Форино во 3. коло од Втората лига - Запад. Стрелеци на победничкиот гол за Лабуништа беше Антонио Каланоски уште во 3. минута од натпреварот.

Со погодоците на Чилафи во 20. минута и Алили во 42. минута, Гостивар славеше со 2-0 против Велазерими пред своите навивачи.

Пелистер убедливо триумфираше на домашен терен против Дрита со 3-1, а Кораби славеше против Охрид со 2-0.

Скопје со голот на Дејан Маркоски во 80. минута победи на гостувањето против Кадино со 0-1.

РЕЗУЛТАТИ - 3. КОЛО
Пелистер - Дрита 3-1
Гостивар - Велазерими 2-0
Кораб - Охрид 2-0
Кадино - Скопје 0-1
Лабуништа - Вардар Форино 1-0

[назад]
loading...
Коментари