Подгорци : Расчистување на отпаден материјал околу Подгоречко Езеро

Сабота, 11 Окт 2014 | Прочитано 2,772 пати.

Денес во организација на Месната Самоуправа – Подгорци на претходно закажана средба, како и информирање на јавноста односно оние кои сакаа да учествуваат во неа, се одрржа волонтерска и (доброволна) акција за расчистување на и околу просторот на Подгоречкото езеро.


m1m2


Сметавме дека се јавува потреба од реализација на една ваква активност која ни се наметна како потреба за расчистување-собирање на сметот, ѓубрето кое за жал одредени посетители ( рибари, и несовесни граѓани, не љубители на природата), веќе извесен период овој простор па и неговата непосредна близнина го нарушуваа со различен отпаден материјал кои го носат со себе,при посетата на овој дел најчесто храна и друг прибор потребен за пикник, рибарење и камппување, притоа оставајќи ги остатоците различните делови на и околу просторот на Подгоречко езеро, и на тој начин нарушува животната средина околу просторот и растителниот животински свет.


m4m6


Во Оваа активност како што напоменав претходно беше отворена за сите наши граѓани оносно сите оние кои сакаа да помогнат, се разбира како љубители на природата и зачувување на оваа наша природна убавина во делот на нашава планина.


Акцијата помина според предвидениот план, се надевам дека повеќе нема да има ваков начин на однесување на несовесни граѓани, и уште еднаш да апелирам доколку сакаат да го посетат оваа место или друг дел од Подгоречката планина, да не оставаат-расфрлаат отпаден материјал насекаде, односно да не го уништуваме она што ни е оставено од господ, а тоа е нашата животна средина, а се разбира иншала така и да се однесуваме и во внатрешноста на нашава населба, зошто со загадување на околината околу нас го нарушуваме просторот во кој живееме како и можноста од предизвикување на различни заразни болести.


m7m8


Се надевам дека совеста ќе надладе и еднаш ставиме крај на едни вакви нечовечки активности, – ни изјави Претседателот на Месната Самоуправа Подгорци – г-дин Мирсад Реџоски.


Извор:Дубаи Портал.

[назад]
loading...
Коментари