Поетско- музички рецитал по повод 8- ми март

Четврток, 07 Март 2013 | Прочитано 286 пати.

По повод меѓународниот ден на жената, 8- ми март, Младински совет Охрид организира поетско-музички рецитал, на кој од страна на организаторот на жените од јавниот, општествениот, политичкиот, културниот и спортскиот живот ќе им се подари букет од поетски и прозни творби, како и музички дела со цел да им се оддолжи за успешната соработка во насока на унапредувањето на статусот на младите во опшеството, а особено во локалната средина.

Творби, свои и од познати европски автори и македонски авторки ќе читаат членови на литературниот клуб „ ПОЕМА“ кој е дел од Младински Совет Охрид, а со свои музички точки ќе се претстават ученици од музичкото училиште ,,Методи Патчев,,

Настанот ќе се оддржи попладнево, во просториите на НУ „Охридско лето“, со почеток во 12 часот.

[назад]
loading...
Коментари