Поставен камен темелник на новиот резервоар за вода за пиење во Лабуништа

Четврток, 11 Окт 2018 | Прочитано 4,256 пати.

Денес во посета на Лабуништа беше градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко заменик Минестрот за здраство Асим Муса како и други функционери од локалната власт. Гостите заедно со пратеникот Агим Шаќири, советникот во општина Струга Мурат Шабани, председателот на месна заедница Лабуништа Идриз Хоџа, претставници од Комуналното Хигиена Лабуништа како и други граѓани на Лабуништа заедно направија обиколка на Лабуништа со цел пуштање во употреба на завршени проекти како и посета на проекти, на кои веќе се работи.

Свечено пуштен во употреба беше патот од кореја до стара Алумина со должина од 1400 метри, пат реазилизиран од Македонија пат со посебен придонес на општина Струга.

Исто така свечено беше пуштен и патот од кај мостот Асанов до Амбуланта, како и патот кој води до Лабунишки бачила.

Потоа ги посетија проектите кои се во тек како спортскатга сала на која активно се работи и се очекува на почетокот на наредната година да биде пуштена во употреба, канализацијата која се спроведува во горениот дел на селото воедно и единствен дел кој не беше приклучен на канализационата мрежа.

Централен настан на денешните активности беше ставањето камен темелник на нов резервоар за вода за пиење со капацитет од 700 м3 во кој свое обраќање пред пристните имаа : Мурат Шабани Агим Шаќири и градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко...


[назад]
loading...
Коментари