Повлечена точката за легализација на атрактивен имот во Градиште

Вторник, 05 Фев 2019 | Прочитано 895 пати.

Предлог одлуката за легализација на седум бесправно изградени објекти во Градиште, е повлечена од дневниот ред на 24 седница на советот која е во тек.

Токму оваа точка предизвика бурни реакции во јавноста, кои ги поттикнаа наследниците на имоти во Градиште кои веќе две децении водат постапка за враќање ма атрактивното земјиште, која е заглавена во лавиринтите на системот.

Во острата реакција деновиве, тие побараа повлекуваее на оваа точка од дневниот ред во советот и се заканија дека ќе организираат радикални протести за да си ги заштитат правата.


Извор: Ohridnews

[назад]
loading...
Коментари