Пожар во село Враништа, опожарени се помошни простории

Петок, 05 Јул 2019 | Прочитано 1,203 пати.

Утрово во 6:45 ч. во ТППЕ Струга пријавен е пожар во село Враништа. Oд страна на ТППЕ Струга веднаш биле упатени три противпожарни возила и шест пожарникари. Првичните информации говорат дека се опожарени помошни простории . Пожарот е ликвидиран, а екипите на ТППЕ Струга се’ уште се на терен.


Во текот на денот се очекуваат информации за причината за пожарот и проценка на материјална штета.


Извор: Strugaonilne

[назад]
loading...
Коментари