Пред пекара лоцирана на улицата „ЈНА“ во Струга, нарушен е јавниот мир

Понеделник, 04 Фев 2019 | Прочитано 902 пати.

На трети овој месец, околу 14 часот, пред пекара лоцирана на улицата „ЈНА“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир во кој, лице од струшкото село Радолишта, бил физички нападнат од страна на две лица од струшкото село Велешта, и од уште едно, засега непознато лице.


Двете лица се повикани на разговор во полициската станица во Струга а се преземаат дополнителни мерки за идентификација на третиот учесник во нарушувањето, по што ќе биде поднесена соодветна пријава информираат од СВР Охрид.

[назад]
loading...
Коментари