Представници од СВР Охрид и ПС-Струга одржаа презентација во СОУ „Др. Ибрахим Темо“ - Струга

Вторник, 13 Март 2018 | Прочитано 1,311 пати.

Денес, во просториите на СОУ „Др. Ибрахим Темо“ - Струга представници од СВР Охрид - одсекот за превенција, заедно со своите колеги од ПС- Струга одржаа презентација на проектот насловен - За безбедни училишта-почитување на различностите.


-Со овој проект сакаме да допринесеме за намалување на насилството во училиштето кој е интернационален проблем, но со вакви проекти гледаме да ги намалиме насилствата во училиштата. Конкретно внимание ќе обратиме на почитување на различноста како еден елемент кој може да доведе до намалување на недоразбирањата во училиштата. Различноста ја сваќаме како различност не само верска и национална, туку и социјална различност... Овој проект е поддржан и од ОБСЕ со различни стручни матријали.-изјави началникот на одсекот за превенција на СВР Охрид,Миле Јаковчески.


На оваа презентација покрај представници од СВР Охрид и ПС- Струга, присуствуваа и директорот на СОУ „Др. Ибрахим Темо“ - Струга како и професори и ученици во ова средно училиште.На оваа презентација свое излагање имаа и дел од учениците кои исто така говореа на тема почитување на различностите. Овој проект е од особено значење, бидејќи во ова средно училиште се одржува настава на три јазици, на Македонски на Албански и на Турски јазик и една од целите на ова училиште е почитување на различностите. Од СОУ „Др. Ибрахим Темо“ - Струга се надеваат дека ваквите проекти ќе продолжат и во иднина.

[назад]
loading...
Коментари